Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 870 новозаразени со Ковид-19, односно, регистрирани се 422 случаи во Скопје, 64 во Тетово, 55 во Струмица, 38 во Велес, 29 во Битола, по 28 во Куманово и Прилеп, 26 во Охрид, 25 во Штип, 23 во Гостивар, 20 во Кичево, по 13 во Гевгелија и Кочани, по десет во Дебар, Струга и Радовиш, девет во Кавадарци, осум во Неготино, седум во Ресен и шест во Делчево.
Потоа, пет во Крива Паланка, по четири во Пробиштип и Свети Николе, по три случаи се регистрирани во Берово и Кратово, по два во Демир Хисар и Валандово и по еден случај е регистриран во Крушево, Македонски Брод и Виница.
Од МЗ информираа дека од Ковид-19 починале 14 лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 51, 60 и 83 години, тројца од Куманово на 65, 71 и 53 години, еден од Дебар на 80 години, двајца од Прилеп на 55 и 56 години, еден од Тетово на 63 години, еден од Велес на 65 години, еден од Струмица на 68 години, еден од Радовиш на 72 години и еден од Кратово на 75 години.
Институтот за јавно здравје регистрирал 292 оздравени пациенти, односно, од Скопје-142, Куманово-14, Штип-8, Прилеп-9, Тетово-21, Струга-2, Велес-2, Битола-9, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-26, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-4 и Неготино-5.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963“, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 13 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 113 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се осум деца и осум позитивни мајки и три деца и две мајки суспектни на Ковид-19.
„Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 240.658 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.647 тестови.