Дали некогаш сте се запрашале како изгледа слободен пад од речиси 39 километри височина? Новите снимки, направени со камера „GoPro“ објавени синоќа, ја покажуваат сета фасцинантност на овој подвиг, во кој главната улога ја имаше бестрашниот Феликс Баумгартнер.
Во октомври 2012 година тој скокна од капсулата „на работ на вселената” и се упати кон Земјата кога и го собори светскиот рекорд во нависок и најбрз слободен скок на светот. Паѓајќи од висина од 39 километри достигна брзина од 1357 километри на час и го проби звучниот ѕид. Падот траеше десет минути, а Баумгартнер скокна над пустината во амриканската држава Ново Мексико.
„ Посакувам да можевте да го видите она што јас го гледам”, рече Феликс пред скокот.
Во продолжение погледнете го новото видео од славниот скок: