Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ поставија нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во парк – шумата Водно. Два големи детски реквизити се поставени кај хотел „Водно“ и кај Марково Крувче, а еден помал детски реквизит е поставен на патот за Сончев Град.
Нови видоковци на локациите кај Панорама, на патот за Сончев Град, кај Детското одмаралиште, на патот за Нерези, под средно Водно и кај Долги рид.
Освен поставувањето на новите реквизити и видиковци, исто така е извршена реконструкција на постоечките клупи и маси на средно Водно, како и на другите парковски елементи кои беа оштетени и стари, информираат од јавното претпријатие од каде апелираат граѓаните да ги користат, но и чуваат новите видиковци.