Новинари сведочат за упадот во Собранието и насилството врз пратениците и медиумите

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Новинари од повеќе медиуми кои синоќа беа присутни во и околу Собранието сведочат за непречен влез на демонстрантите во парламентарниот објект, неприсуство на полиција и насилство врз пратеници и медиуми. Исто така, на голем број новинари им било оневозможено професионално да си ја вршат работата.

    Наташа Стојановска, ТВ 24 Вести

    Фото: Фејсбук профил на новинарката

    Во моментот кога толпата влезе во прес центарот во Собранието, каде Заев и останатите членови на неговата партија одржуваа прес, дел од новинарите бевме внатре. Дел од пратениците беа на терасата на Галеријата горе и останаа заглавени. Пред да влезат демонстрантите, тие се обидоа да се симнат преку клупи што се поставуваа за да можат да се симнат. Дел од нив успеаја да се симнат, дел не.

    Влезе толпата и настана тотален хаос. Се фрлаше со сè што ќе им се најдеше пред очи, летаа стативите за камери, лаптопи.. Телефони не се дозволуваа никако за снимање. Пратениците на СДСМ беа внатре со Заев. Дел од новинарите успеавме да се повлечеме и отидовме во собраниското бифе, веднаш до прес центарот и тука останавме подолго.

    Во еден момент излеговме надвор за да видиме што се случува, бидејќи слушнавме и истрел од пиштол. Во тој момент, јас и колешката Душица Мрѓа сакавме да снимаме дел од тоа што се случуваше, но телефонот ни беше одземен и имаше инцидент со дел од толпата внатре. Добар дел од нив беа со црни маски, така што не можевме да ги препознаеме нивните ликови. Но, добар дел исто така, не беа маскирани и ги одземаа телефоните. Колешката Душица беше и удрена при тој инцидент.

    Потоа, повторно можевме да влеземе во собраниското бифе каде останавме. Дојдоа специјалци кои пуштаа димни бомби, чадот навлезе и во бифето и не можеше да се дише, па моравме со мокри крпи да се покриеме за да можеме да дишиме. Потоа, стапивме во контакт со некои луѓе на кои им кажавме каде сме за да може да нè извлечат. Во тој момент дојде Влатко Ѓорчев, излезе од собраниското бифе и нè префрли во просторијата каде што беа сите останати пратеници.

    Таму беше Зоран Заев со раскрварена глава, Љупчо Николовски, Благој Бочварски. Сите беа во завои, раскрварени и со крв на кошулите. Еден од обезбедувачите на Оливер Спасовски беше на земја и беше повикана Брза помош, се обидуваа да го спасат бидејќи човекот беше во многу лоша состојба. После успеаја да направат опција да бидеме евакуирани. Прво бевме евакуирани жените, а потоа и останатите. Сите нè однесоа со транспортери на полицијата до безбедна локација.

    Немаше полиција кога влегоа демонстрантите, никаква, единствено собраниското обезбедување. Долго време ја немаше полицијата и затоа ние не се чувствувавме безбедни, ниту пак, некој таму можеше да се чувствува безбедно. Полицијата дојде многу подоцна, а за тоа треба да одговара министерот Нухиу и Чавков. Тие да одговорат зошто полицијата дојде толку доцна.

    Емилија Петреска, Радио МОФ

    Откако граѓани почнаа масовно да влегуваат во Собрание, со колегите се договоривме да отидам и да фотографирам. Кога пристигнав, веќе голем број од демонстрантите беа навлезени во аулата на Собранието и салата. Се пееја македонски патриотски песни и се извикуваше „Избори“. Но, она што ми падна чудно е што буквално секој можеше да си влезе во Собранието. Имаше едвај десетина полицајци пред вратите на Собранието, но и тие не беа со посериозна опрема на себе.

    Во салата за седници не беше ништо поразлично – македонски знамиња, демонстранти испокачени на столиците и говорниците. Полиција немаше.

    Во таа преполна сала, каде едвај се дишеше, го слушав актерот Владо Јовановски како вели – Секој што тргнал против својот народ, на крај ќе биде губитник.

    Мрежите беа премногу оптоварени за да можам да пратам фотографија до колегите. Во салата беа и дел од колегите за кои подоцна слушнав дека биле повредени.

    Во отсуство на здив поради огромната маса луѓе, се вратив во аулата кога здогледав како поголема група на демонстранти со качулки на глава се обидуваа да се качат на горниот спрат. Во еден момент тие го поминаа „кордонот“ полиција (со едвај 20 полицајци) и продолжија во својата окупација на Собранието. Прво што им пишав на колегите дека беше пробиен штитот, но во истиот момент сфатив дека не стануваше збор за пробивање, туку едноставно по долго натегање полицијата им допушти да продолжат.

    Откако на горниот спрат не се случи ништо особено, изгубена во тој лавиринт од куп простории се упатував кон излезот, кога колегата ми пиша – Еми, излегувај, не оди накај прес центарот! Новинари и пратеници се повредени.

    Без да го сфатам сериозно, бидејќи и јас се изгубив во тој општ хаос, здогледав демонстранти како трчат надолу од скалите кои водеа кон Прес центарот. Верувам дека секој мој колега би сакал да знае што се случува, па се качив. Во истиот момент, здогледав како демонстранти го изнесуваа пратеникот Зијадин Села, целиот искрварен и во несвест.

    Како што го држев мобилниот телефон единствено што можев да направам е да го сликам тој чин. Рацете и тогаш, и сега додека кажувам, ми се тресат од сликата. Но, полиција и овде не видов…

    Кога се симнав пак во аулата, пред да излезам пристапив до еден од полицајците кои го „штитеа“ главниот влез на Собранието и му се обратив со зборовите – Горе тепаат луѓе, нема да направите нешто? Добив само кренати раце од негова страна.

    Димитар Тануров, Мета

    Нападнат додека фотографирав како тепаат. Ме нападнаа кога дознаа дека работам за „Мета“ новинската агенција. Ме легнаа и со клоци и тупаници ме удираа. Ми го одзедоа телефонот.

    РСЕ

    Новинарка на Радио Слободна Европа, исто така, беше нападната во Собранието, а уништена е и редакциската камера, со која новинарката си ја извршувал службената должност.

    Вработен во државна институција и приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ (добро познат на редакцијата) првин ја одзел камерата од новинарот на РСЕ, а потоа ја скршил. Кога новинарката прашала – зошто? Тој одговорил дека немало никаква камера.

    Додека траело тоа, некој од демонстрантите ја удрил новинарката од зад грб. И други новинари кои ги следеа настаните во Собранието, биле нападнати, а новинарската опрема уништувана.

    Телма

    Телевизија Телма уште синоќа јави дека една од нивните репортерски екипи е нападната околу Собранието. Дел од демонстрантите ги нападнале новинарот и снимателот кога забележале која телевизија известува. Репортерската екипа со полициска асистенција била извлечена од толпата и однесена на сигурно.

    Бојан Шашевски 

  • Gazetarë dëshmojnë për hyrjen në Kuvend dhe dhunën mbi deputetët dhe mediat

    Gazetarë të më shumë mediave të cilët mbrëmë ishin të pranishëm në dhe rreth Kuvendit dëshmojnë për hyrjen e pa penguar të demonstruesve në objektin e Parlamentit, mos prezencën e policisë dhe dhunën mbi deputetët dhe mediat.  Gjithashtu, një numri të madh të gazetarëve iu pamundësua në mënyrë profesionale të kryejnë punën e tyre.

    Natasha Stojanovska, TV 24 Vesti

    Fotografi: Fejsbuk profil i gazetares

    Në momentin kur turma hyri në pres qendrën e Kuvendit, ku Zaev dhe anëtarët e tjerë të partisë së tij mbanin pres, një pjesë e gazetarëve ishim brenda.  Një pjesë e deputetëve ishin në Galerinë lart dhe mbetën të ngujuar.  Para se të hynë demonstruesit, ata u përpoqën të zbresin nëpërmjet tavolinave që vendoseshin një përmbi një në mënyrë që të mund të zbresin. Një pjesë e tyre ia dolën të zbresin, një pjesë jo.

    Hyri turma dhe u shkaktua kaos total.  Gjuhej me gjithçka që ju dilte para syve, fluturonin shtyllat mbajtëse të kamerave, laptopë… Telefona nuk lejoheshin në asnjë mënyrë për incizim.  Deputetë të LSDM-së ishin brenda me Zaevin. Një pjesë e gazetarëve ia dolëm të tërhiqemi dhe shkuam në bufenë e Kuvendit, menjëherë afër pres qendrës dhe këtu qëndruam kohë më të gjatë.

    Në një moment dolëm jashtë që të shohim çfarë po ndodh, sepse dëgjuam edhe gjuajtje me armë.  Në atë moment, unë dhe kolegia ime Dushica Mrgja, deshëm të incizojmë një pjesë të asaj që po ndodhte, por telefoni na u morr dhe pati incident me një pjesë të turmës brenda.  Një pjesë e mirë e tyre ishim me maska të zeza, ashtu që nuk mundëm të identifikonim fytyrat e tyre.  Por, pjesë e mirë gjithashtu, nuk ishin të maskuar dhe i merrnin telefonat.  Kolegen Dushica e goditën gjatë atij incidenti.

    Pastaj, përsëri mundëm të hyjmë në bufenë e Kuvendit ku qëndruam.  Pastaj forcat speciale të cilët hidhnin bomba gazi, tymi hyri edhe në bufe dhe nuk mund të merrej frymë, dhe na u desh me lecka të lagura të mbulohemi që të mund të marrin ajër.  Pastaj, hymë në kontakt me disa njerëz të cilëve ju treguam ku jemi në mënyrë që të mund të na nxjerrin. Në atë moment erdhi Vllatko Gjorçev, doli nga bufeja e Kuvendit dhe na transferoi në hapësirë ku ishin gjithë deputetët të tjerë.

    Atje ishte edhe Zoran Zaev me kokë të gjakosur, Ljupço Nikollovski, Bllagoj Boçvarski.  Të gjithë ishin me fasha, të gjakosur dhe me gjakra në këmishët e tyre. Një nga sigurimi i Oliver Spasovskit ishte në tokë dhe u thërrit ndihma e shpejtë, u përpoqën ta shpëtojnë sepse njeriu ishte ne gjendje shumë të keqe.  Pastaj ia dolën të krijojnë një opsion që të na evakuojnë.  Fillimisht u evakuuam ne gratë, dhe më pas edhe të tjerët. Të gjithëve na nxorën me transportues të policisë deri të lokacioni i sigurt.

    Nuk kishte polici kur hynë demonstruesit, aspak, vetëm sigurimi i Kuvendit.  Kohë të gjatë nuk kishte polici dhe prandaj ne nuk ndiheshim të sigurt, po as të tjerët që ishin atje nuk ndiheshin të sigurt.  Policia erdhi shumë vonë, ndërsa për këtë duhet të përgjigjet ministri Nuhiu dhe Çavkov.  Ata të përgjigjen për atë që policia erdhi aq vonë.

    Emilija Petreska, Radio MOF

    Mbasi qytetarët filluan në mënyrë masive të hyjnë në Kuvend, me kolegët u morëm vesh të shkojmë dhe të fotografojmë.  Kur arrita, një numër shumë i madh i protestuesve kishin hyrë në aulën e Kuvendit dhe në sallë.  Këndoheshin këngë patriotike maqedonase dhe brohoritej “Zgjedhje”. Por, ajo që më habiti ishte se tekstualisht, secili mund të hynte në Kuvend.  Kishte mezi nja njëzet policë para dyerve të Kuvendit, por edhe ata nuk ishin të pajisur me ndonjë pajisje më serioze.

    Në sallën plenare asgjë më ndryshe nuk ishte – flamuj maqedonas, demonstrues të hipur në karriget dhe në foltore.  Polici nuk kishte.

    Në atë sallë të stërmbushur, ku mëzi merrej frymë, e dëgjoja aktorin Vllado Jovanovski si thotë – Secili që është nisur kundër popullit të vet, në fund do të jetë humbës.

    Rrjetet ishin shumë të ngarkuara që të mund tu dërgoja fotografi  kolegëve të mi.  Në sallë ishin të pranishëm edhe një pjesë e kolegëve për të cilët më vonë dëgjova se ishin lënduar.

    Në mungesë të ajrit për shkak të masës së madhe të njerëzve, u ktheva në aulë kur pashë se si një grup i madh i demonstruesve me kokore përpiqeshin të hipin në katin e sipërm.  Në një moment ata e kaluan “kordonin” policor ( që përbëhej nga 20 policë) dhe vazhduan drejt okupimit të tyre të Kuvendit.  Gjëja e parë të cilën ua shkriva kolegëve ishte se është kanë depërtuar mbrojtjen, por në atë moment kuptova se nuk bëhej fjalë për këtë, por thjesht pas diskutimeve të shumta policia u lejoi të vazhdojnë.

    Mbasi në katin e parë nuk ndodhi asgjë e veçantë, e humbur në atë labirint nga një sërë hapësira u drejtova kah dalja, kur kolegu më shkroi – Emi, dil, mos shko në pres qendrën!  Gazetarë dhe deputetë janë të lënduar.

    Pa e kuptuar seriozisht, sepse edhe unë u humba në atë kaos të përgjithshëm, pashë demonstrontë se si nxitojnë poshtë shkallëve të cilat çonin drejt Pres qendrës.  Besoj se çdo koleg i imi do të kishte dashur të dijë se çfarë po ndodh, kështu që u ngjita lartë. Në atë moment, pashë se si demonstruesit e nxjerrin deputetin Zijadin Sela, i gjithi i gjakosur dhe pa vetëdije.

    Siç e mbaja telefonin mobil e vetmja gjë që munda të bëj ishte t fotografoj atë akt. Duart atëherë, dhe tani përderisa e tregoj këtë, po më dridhen nga ajo pamje.  Por, polici edhe këtu nuk pashë…

    Kur zbrita përsëri në aulë, para se të dal u afrova drejt një nga policët të cilët “e mbronin” hyrjen kryesore të Kuvendit dhe ju drejtova me fjalët – Lart po rrahin njerëz, nuk do të bëni asgjë? Si përgjigje fitova vetëm gjestin e ngritjes së duarve nga ana e tij.

    Dimitar Tanurov, Meta

    I sulmuar derisa fotografoja se si rrihnin.  Më sulmuan kur kuptuan se punoj për “Meta” agjencinë gazetareske.  Më shtrinë dhe me shkelma dhe me grushte me goditnin.  Ma morën telefonin.

    REL

    Gazetare e Radio Evropa e Lirë, gjithashtu, ishte sulmuar në Kuvend, ndërsa i është shkatërruar kamera e redaksisë, me të cilën gazetarja e ka ushtruar detyrën zyrtare.

    I punësuar në institucion shtetëror dhe ithtar VMRO – DPMNE-së ( i mirë njohur për delegacionin) fillimisht ja ka marrë kamerën e gazetares së REL, pastaj e ka thyer. Kur gazetarja ka pyetur – pse? Ai është përgjigjur se nuk ka pasur asnjë kamerë.

    Përderisa ka zgjatur kjo, ndonjë nga demonstruesit e ka goditur gazetaren prej mbrapa shpine.  Edhe gazetarë të tjerë të cilët  i ndiqnin ngjarjet në Kuvend, ishin sulmuar, ndërsa pajisja e gazetarëve ishte shkatërruar.

    Telma

    Televizioni Telma që mbrëmë njoftoi se një nga ekipet raportuese është sulmuar rreth Kuvendit.  Një pjesë e demonstruesve i kanë sulmuar gazetarët dhe kameramanin kur kanë vërejtur se cili televizion po raporton. Ekipi raportues me asistencë policore është nxjerrë nga turma dhe është çuar në vend të sigurt.

     

    Bojan Shashevski