Новинарката на Радио Слободна Европа Алса Курмашева и новинарот на Вол Стрит журнал Еван Гершкович се ослободени од руски притвор, во најголемата размена на затвореници меѓу Русија и Западот од крајот на Студената војна, јавува Радио Слободна Европа.
Покрај нив, ослободени се и американскиот маринец Пол Вилан и опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза кој е руско-британски државјанин.
Вчера Русија, Соединетите Американски Држави и неколку други земји започнаа масовна размена на затвореници, меѓу кои 16 лица беа ослободени од руски притвор.
Новинарката на РСЕ Курмашева, која има руско и американско државјанство, е во руски притвор од средината на октомври минатата година, а рускиот суд во јули ја осуди на шест и пол години затвор под обвинение за „ширење лажни информации“ за руската војска
Новинарката Алса Курмашева во Русија осудена на шест и пол години затвор
Претседателот и извршен директор на РСЕ Стивен Капус ја поздрави веста за нејзиното ослободување, потсетувајќи дека уште тројца новинари на РСЕ се во притвор.
Гершкович на 19 јули беше осуден на 16 години затвор во Русија, откако беше прогласен за виновен за обвиненија за шпионажа, кој тој ги отфрли.
[Видео] Американскиот новинар Еван Гершкович осуден на 16 години затвор во Русија
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека сите тие биле „неправедно затворени во Русија“ и дека договорот што ја обезбедува нивната слобода бил подвиг на дипломатијата.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Кремљ се надева оти оние што ја напуштиле Русија ќе се држат подалеку од земјата.
„Верувам дека сите наши непријатели треба да останат (во странство), а сите што не се наши непријатели треба да се вратат. Тоа е моето гледиште“, рече Песков.