Утре (петок, 31 мај) во 12 часот новинарите ќе протестираат пред скопскиот кривичен суд против одлуката на истражниот судија, кој на новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски му одреди мерка притвор од 30 дена.
Новинарот Кежаровски беше уапсен пред два дена во полициската акција „Ликвидација“, за објавен текст во 2008 година во „Репортер 92“, кога ја извршувал функцијата Главен и одговорен уредник. Полицијата со специјалци го приведе Кежаровски, под сомнение дека оддал информации за сведок, за кој тврди дека бил заштитен, со што го прекршил Законот за заштита на сведоци.
Од друга страна, уредникот на Н.Македонија, Зоран Димитровски во неговата денешна колумна вели дека новинарот Кежаровски во своите текстови всушност открил дека се работи за лажен сведок во случајот.