Новинарите утре напладне ќе протестираат пред Влада

Утре (12 март) во 11 часот новинарите најавија собир пред Здружението на новинари на Македонија, од каде по кусата координација ќе се упатат пред Владата од која со протест во 12 часот ќе побараат на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите.

Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани. Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари.

„Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. Сите копилиња на пладне пред Влада“, порачаа од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)