Самостојниот синдикат на новинари во Македонија објави листа на претстојни конкурси за новинарски стипендии, кои се однесуваат за 2017 година. Во продолжение, може да ги погледнете критериумите за конкурсите и рокот до кога се аплицира.
Стипендиска програма за новинарство на Reuters (рок: 31. јануари 2017.)
Искусните новинари можат да поминат три до шест месеци на истражувачка работа на Оксфорд со помош на оваа стипендија на институтот за студии по новинарство на Reuters. Стипендистите ќе напишат студиска работа на тема која сами ќе ја изберат додека на Оксфорд се запознаваат со студискиот, културниот и социјалниот живот. Особено се интересни проектите за новинарство и демократија, деловно новинарство, новинарска пракса и медиумска политика. Повеќе информации може да најдете тука.
Стипендија на Центарот Joan Shorenstein на Харвард (рок 1. феврурари 2017.)
Kennedy School of Government на Универзитетот Харвард е домаќин на стипендисти на Центарот на Оксфорд. Програмата им нуди на новинарите размена на искуства, проширување на знаењата и истражување на јавни политики и политики општо. Стипендистите ќе поминат еден семестар на Харвард во текот на кој добиваат стипендија од 30.000 долари. Повеќе информации можете да најдете тука.
Стипендија во глобално новинарство (рок: 1. февруари 2017.)
Како стипендисти на Munk School of Global Affairs, новинарите кои се занимаваат со која било област можат да објавуваат во најдобрите медиуми во светот под водство на водечки новинарски имиња. Стипендијата покрива 10.000 канадски долари од 26.000 колку што изнесува школарината, а по завршувањето на програмата стипендистите уште две години имаат право на бесплатно онлајн менторство. Повеќе информации може да најдете тука.
Стипендија на Институтот за новинарство Reynolds (рок: 1. февруари 2017.)
Новинари и други професионалци кои работат во медиумите може да се пријават за стипендија на Институтот за новинарство Donald W. Reynolds во Колумбија, Мисури. Овогодинешната програма е насочена кон проекти за решавање проблеми предизвикани од филтрирани и лажни вести, недовербата во медиумите и друго. На стипендистите им е се обезбедени 10.000 долари месечно и 10.000 за сместување. Повеќе информации може да најдете тука.
Стипендија за образовно новинарство Spencer (рок: 1. февруари 2017.)
Стипендијата за образовно новинарство Spencer, им овозможува на новинарите и истражувачите да поминат година дена на истражување на Универзитетот Колумбија. Стипендијата изнесува 75.000 долари. Повеќе информации може да најдете тука.
Стипендија Knight-Bagehot (рок: 15. февруари 2017.)
Стипендијата за новинарството Knight-Bagehot се занимава со економија и бизнис ќе овозможи подобро разбирање на на функционирањето на бизнис, економскиот и финансискиот сектор по една година помината на Унивезитетот Колумбија во Њујорк. Стипендистите ќе посетуваат бесплатни курсеви на факултетите за новинарство, бизнис, право и меѓународни работи, како и семинари, брифинзи и ќе минат одредено време во медиумските и финансиските институции во Њујорк. Повеќе информации може да најдете тука.
Стипендија на Институтот World Press (рок: 15. февруари 2017.)
За оваа стипендија може да се јават новинари надвор од САД и така да го прошират своето знаење за американските медиуми и новинарство. Стипендистите на Институтот World Press ќе имаат прилика да работат во редакции низ цела Америка, да известуваат за општествени прашања и да видат како американските медиуми ја покриваат таа област. Повеќе информации може да најдете тука.
Стипендија за новинарство Knight Science на МИТ (рок: 28. февруари 2017.)
За оваа стипендија може да аплицираат новинари кои се занимаваат со наука. Програмата трае девет месеци, т.е. два семестра и се одвива на МИТ, а целта е да се поттикне живо, точно и независно пишување за науката и технологијата. Стипендистите ќе учествуваат на семинари, работилници, ќе го совладуваат фунцкионирањето на дигиталните медиуми, ќе одат на пракса и слично. Стипендијата изнесува 70.000 долари со уште некои поволности. Повеќе информации може да најдете тука.
Награда за дата новинарство (рок: 7. април 2017.)
Наградата за дата новинарство ја организира Светската мрежа на уредници(Global Editors Network). Наградата оваа година се доделува на свеченост во Виена. Досегашни добитници се BuzzFeed, Quartz, The New York Times, The Guardian, ProPublica и La Nación и помали издавачи како Ojo Publico, Civio Foundation и Convoca. Повеќе информации може да најдете тука.