Претставници на Новинарскиот пленум денеска испратија СМС пораки до новинарите кои се дел од уредничкиот тим на МТВ, Горан Петрески, Билјана Василева Трендафилова, Стојан Трпчевски и Душко Арсовски со барање за средба, соопштуваат од пленумот.
„Поради загриженоста за состојбите во кои е западната нашата професија ве покануваме на средба на која отворено би дискутирале за сите предизвици со кои се соочува новинарството, како и за одговорноста и обврските на јавниот сервис. Средбата би се одржала во Клубот на новинари во текот на следната недела, во термин соодветен за вас и членството на пленумот“, гласи содржината на СМС пораката испратена од НП.
Освен на официјалната фејсбук страница, неформалната новинарска иницијатива Новинарски пленум отвори и блог на кој ќе може да се прочитаат сите активности и новости на ноформираниот пленум.