Долгоочекуваниот нов албум на електро-пионерите „Daft Punk“ ќе излезе оваа година и на него ќе има 13 песни на француското дуо, објави фан-сајтот Daft Club, според кој издавачот Sony веќе ги регистрирал песните. Не се објавуваат никакви други детали, освен траењето на поединечните песни и на целиот четврти студиски албум на бендот, кое ќе изнесува 74 минути.
„Daft Punk“ достигнаа голема слава во 90-те, кога нивната мешавина на хаус и електро звуци, како и нивните спектакуларни настапи во живо им донесоа глобална популарност. Дуото, составено од Guy-Manuel de Homem-Christo и Thomas Bangalter нема издадено комплетен албум од 2005, ако не се смета саундтракот за филмот Tron: Legacy пред две и пол години. Неодамна, за време на популарното американско шоу „Saturday Night Live“, беше емитувана оваа мистериозна најава со логото на „Daft Punk“: