Два нови модела на популарниот iPhone, „5S“ и „5C“ ќе се појавата на пазарот во вторник (10 септември), објавијa челниците на Apple. Се уште не е познато кои нови функции и опции ќе бидат достапни во новите модели, кои се меѓу најочекуваните „гаџети“ на оваа година. Се знае дека двете варијанти ќе се разликуваат во цената, изгледот и перформансите.
Аналитичарите предвидуваат дека кај новите модели не може да се очекува поголем екран, туку дека компанијата ќе се фокусира на поголема компатибилност со апликациите, наместо на ергономијата. Во САД веќе почнуваат гужвите пред продавниците на Apple, каде најголемите фанови на новиот iPhone ќе преспијат, за да бидат меѓу првите кои ќе имаат можност да го купат новиот производ. Во ова видео, погледнете ги предвидувањата за следната генерација на iPhone: