Новата и подобрена верзија на веб пребарувачот Мозила која ќе биде достапна за корисниците во октомври 2018, ќе ги штити корисниците од сајтовите што генерираат криптовалути.
Едно од најинтересните подобрувања кај Мозила Фајрфокс 63 е поврзано со подобрената заштита против алатки за следење на нашата активност во интернет. Оваа функција ќе биде овозможено стандардно во веб прелистувачот и исто така ќе не штити од веб сајтовите, кои генерираат криптовалута, информира „ТекРепаблик“.
Фајрфокс автоматски ќе блокира „колачиња“ кои генерираат информации за активноста на корисниците и ја споделуваат со други сајтови. Многу луѓе го потценуваат овој проблем или дури и не се свесни дека тоа е популарна пракса во интернет. Слични скрипти за следење на корисниците може да се користат за рекламна активност и во одредени случаи би ја намалило опипливо брзината на интернет конекцијата.
Компанијата планира да воведе неколку измени во интерфејсот на Фајрфокс 63, за да се олесни на корисниците во управувањето и подесувањето на функцијата за блокирање на следењето во интернет. Новиот веб прелистувач ќе ги блокира сите обиди на надворешните сајтови да ги користат компјутерите за генерирање на криптовалута што ги изложува на сериозен ризик нашите лични податоци. Напорите на Мозила да ја подобрат работата на Фајрфокс можат да го претворат во вистинскиот избор за луѓето кои даваат приоритет на безбедноста на личните податоци.