„DC Comics“ вчера објави дека новиот Супермен е бисексуалец и дека ќе започне врска со маж во претстојното издание на „Супермен: Синот на Кал-Ел“. Веста дојде по повод Националниот ден на откривање на сексуалноста.
Џон Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, кој ги наследи моќите на неговиот татко, ќе се заљуби во новинарот Џеј Накамуа, кого го запозна додека се обидуваше и не успеваше да посетува средно училиште користејќи таен идентитет, пишува „Њујорк Тајмс“. Откако Џон Кент ќе се измори „обидувајќи се да спаси секого што може“, Џеј е таму да се грижи за него, според соопштението од „DC Comics“.
Двајцата се бакнуваат во петтото издание, кое ќе се објави на 9 ноември.
„Отсекогаш сум велел дека на секого му требаат херои и секој заслужува да се гледа себеси во своите херои и јас сум многу благодарен што DC и Warner Bros. ја делат оваа идеја “, рече писателот Том Тејлор.
„Симболот на Супермен отсекогаш стоел за надеж, за вистина и за правда. Денес, тој симбол претставува нешто повеќе. Денес, повеќе луѓе можат да се видат себеси во најмоќниот суперхерој во стриповите “.
Во интервју за „Тајмс“, Тејлор додаде: „Новиот Супермен „мораше да има нови борби – проблеми во реалниот свет – на кои може да се спротивстави како еден од најмоќните луѓе во светот“, рече тој.