Ново и досега невидено дело од Пикасо дадено на аукција

Генерално непознатиот портрет на Пикасо ја отсликува неговата љубовница и муза Мари-Тереса Волтер, а делото било во сопственост на Пикасо до неговата смрт. Години подоцна, тоа за прв пат е ставено на аукција.

Портретот е нацртан со јаглен во 1931 година. Тој е доказ за една од големите љубовни афери на 20 век која што се’ уште е добро чувана тајна.

„Станува збор за дело нацртано со јаглен кое го нови името „Femme endormie“, кое потсеќа на ренесансно дело, а истовремено е неверојатно модерно, слободно, спонтано и директно“, истакнала Хелена Њуман, глобалниот шеф на одделот за импресионистичка и модерна уметност.

Мари-Тереса Волтер инспирирала многу пикасови слики, цртежи и скулптури, кои се сметаат за најдобрите од неговата кариера која траела 8 децении.

Извор: Guardian