„По 16-ти пат БОШ Фестивал се манифестира во својот автентичен идентитет на јужен, топол и помалку горчлив вкус со слатко кисели примеси. Овој пат го глофирицираме принципот на „направи сам“ како единица мерка за живот на алтернативната уметност и баеме против уроци за да отвориме пат за иднината. Тука сме за да ангажираме простори за творење, размена и споделување на култура. Кој урочи БОШ у очи! 16-то издание на БОШ Фестивал ПУ ПУ машала…“.
Вака организаторите на БОШ Фестивал го најавуваат своето ново издание, кое на 30 август (петок) ќе се одржува на неколку локации во Гевгелија.
Во прилог целосната програма и информациите споделени од организаторот:
БОШ 16 фестивал / 30.08, Гевгелија
20.00 часот
„Comic Glitch Project“ – Анестис Мавроматис Парадисис – изложба на цртежи / Дом на култура
Самоук уметник, а дипломиран филозоф, роден во Солун, живее и работи во Мадрид. Наградуван во областа на цртеж и илустрација. Анестис е влубеник во фантастичните светови и замислените суштества. Сака да црта дворски шутови, гротексни демони, гноми, жаби и печурки. Обожува да лута по шумите и да собира илустрирани книги и цртежи. Како што подвлекува самиот уметник особено е среќен што ќе има можност да гостува во Гевгелија и да покаже дел од својата работа презентирајќи илустрации, линорези и стрипови од 2017 до денес.
„Одвиткување“ – Илина Ѓорѓиевска (Македонија), изложба на колажи / Дом на култура
„Одвиткување“ е самостојна изложба на колажи. Спојување на исечоци или искинати делови од хартија или списанија како мал универзум, во којшто различните елементи коегзистираат и се преплетуваат, формирајќи уникатен свет со нови приказни и значења. Визуелни дневници на лична и интимна трансформација. Начин на приземјување. Ослободување. Секој колаж е едно патување – од хаос до ред, или од ред до хаос. Исто така колажот е и истражување. Себе истажување, на моментална состојба, поривите, стравовите…она што не плени и она кое што не успокојува. Никогаш композицијата не е однапред испланирана, напротив таа се создава самата од себе се до моментот на интитувно завршување на процесот.
„За следнито сад“ – Андреј Јулхер (Србија) – изложба на графики / Дом на култура
Доле, сада,
сцена жешка као кер,
кер луд као нога,
док врти во круг,
на карпа,
толика оштра
да је не видам.
Одавно не сме заедно готвили, а одувек сме заедно варили.
Кој урочи, тај мачи.
Со босилек, секое зрно песка ке биде песта
за над клетве И клевета.
Прво скочи, па дођи, очи во очи.
Влажни со олова,
мотримо на знак,
кој наметнува ток за следнито сад.
Мисли оком, кажи ногом.
То што свони не е дур, већ дор.
А што е следно, утра потрају и по два дена, кад је главата празната и њањава плава та.
————————————————–
Влези во кола, нема што да прашата.
ВУЛО МЕ ВУЛО МЕ малечка
21.30 часот
„По текот на Сува Река“ – Иван Ивановски и Дамјан Ѓуров (Македонија) – изложба на скулптури / Галерија Амам
Текот на животот ја резба земјата по патеките на нашите минувања. Скулптурите на оваа изложба се остатоци од овие движења, зацврстени во метал, измазнети во камен.
22.30 часот
Ди-џеј сетови на Мартчин и Маги / Кафе бар „У“
БОШ забавата продолжува со техно и хаус музика.