Четвртото издание на Синестетика ќе се одржи на 31 август, сабота, на на ледината Шамак, над Козле на Водно, со почеток на пладне.
Организаторите Виктор Танасковски и Ива Дамјановски ова издание решија да се вика „Настава во природа“ – ден пред први септември и последниот викенд пред враќање во школските клупи.
„Се надеваме дека ќе ве инспирираме да научите нешто што можеби сте сакале да го пробате и запознаете. Ние мислиме дека нема ништо позабавно од дознавањето нови работи, една од причините зашто Синестетика почна да постои. Особено ни е драго за сите овогодишни соработки и им благодариме на сите фестивалски другари“, посочуваат тие.
Музичка програма:
– скопско будење: Violeta Kachakova DJ set
– утринска гимнастика: Joana
– плав час: The Local Blue
– час по историја: Aleksandar Veliki
– есенски предвесник: Кокиче
ужинка: Експериментален џем со Laboratorium
– убиствена промаја: Иш и Јас (промоција на првото ЕР на Марко Печеновиќ )
– помрачување: Светлост
– мала ноќна музика: The Ooz
– златен час: Ognen Zlatanov
– изгубена несоница: Lost In Reverie
– второ будење: Galatheia Shaldeva feat. Ljupa Angelov Lepi Xhoni + спонтан DJ set
Филмска програма во соработка со Младински Филмски Фестивал:
– „You need to be persistant“ – Jovana Lazin (RS)
– „Exam“ – Karlo Gagulic (HR)
– „Fall“ – Leonid Velkovski (MK)
– „Зората на грозјето“ – Павел Николов (МК)
– „Хала“ – Angela Grozdanov и Магдалена Донеска (МК)
– „Водата“ – Kiril Karakash и Svetislav Podleshanov
– „5 10 15“ – Риџет Ферати (МК)
– „Belgrade bloom“ – Danilo Stanimirović (RS)
Настава во природа:
– Јога будење со Gorjana Jordanovska и Ана
– Сито акција со Партизанска штампа
– Час по ликовно: Elena Bilbiloska
– Час по музичко: Јоана Ристеска
– Звучна брканица: работилница за импровизирани музички инструменти со Toma Dimovski и Виктор Антевски
– Macedonian Festival for Alternative Photography – Zrno – Работилница за цијанотипија (со претходно пријавување, до 5 учесници)
– Спознавање со Spoznavanje.org
– Голем одмор – Друштвени игри со Гоблин
Поддржи ја локалната сцена:
Музички изданија и книги од локални автори, заедно со Гола Планина колектив , Партизан Штампа, Зрно, Спознавање и други другари
Шумска галерија:
– Изложба на ликовни дела, цртежи, слики и фотографии од повеќе локални уметници, со отворена можност да се вклучи и секој кој дента ќе одлучи да донесе свое дело.
– Просторна инсталација на интердисциплинарната уметница Ivana Samandova
– ‘Another Day in Lisbon’ – Документарен Virtual Reality експеримент на Dime Gjorgjievski , Maryam Khalilzadehbin и Negar Motevalymeidanshah
Шанкови на: Old School Bar, Лабораториум, Македонски Паб ‘Ѕе’, Vegan 365 Kitchen , Лавче, Пржените лепчиња на Emil
„Благодарности до Angela Cuckova која го трансформираше платното од Синестетика #3 и го направи овогодинешниот визуелен идентитет на фестивалот. Ви благодариме на сите вас што го шаравте. Ве замолуваме и препорачуваме да не доаѓате со автомобили, бидејќи на самата ливада нема можности за паркинг. Ќе споделиме детали за точната локација и начините на кои би можеле да стигнете во посебен пост неколку дена пред фестивалот“, велат организаторите.
Во пресрет на фестивалот, вечерва (сабота, 24 август) во „Лабораториум“ ќе се одржи „prepartу“ на „Синестетика“. Како диџеи ќе бидат токму Виктор и Ива, иницијаторите на овој собир на ледината Шамак.
„Фестивалот е целосно DIY што значи дека e реализиран од влогот на организаторите, донации и помош од пријатели, затоа ќе имате уникатна прилика да оставате „tips” за подобриот ДЏ. Тие пари ќе бидат директно вложени во финансирање на целодневниот фестивал на 31.08. на Шамак“, посочуваат од „Лабораториум“.
Потсетуваме и на третото издание на фестивалот, одржано во 2022 година:
[Галерија] „Синестетика“ – целодневна културна настава во природа