НАСА ги објави првите фотографии во боја од маглата што го опкружува Плутон, заедно со фотографии од парчиња воден мраз на џуџестата планета.
Главниот истражувач од Југозападниот истражувачки институт во Болдер, Колорадо Алан Стерн, ја опиша планетата како „жива” – предизвикувајќи многумина да се надеваат на голема најавата денеска.
Сликите во боја за првпат покажаа дека маглата околу планетата е светло сина.
„Кој би очекувал сино небо Кујперовиот појас? Тоа е прекрасно“, изјави Стерн.
Сината боја на фотографијата им овозможува на научниците да откријат како е настанато.
„Сината нијанса ни кажува за големината и составот на честичките на маглата“, изјави истражувачот Карли Ховет, дел од научниот тим.
„Синото небо често е резултат на распрсканоста на сончевата светлина на многу мали честички. На Земјата овие честички се многу мали азотни молекули. Овие на Плутон се чини дека се поголеми – но сепак се релативно мали – честички слични на гар, кои ние ги нарекуваме толини.“
НАСА, исто така, соопшти дека нашла мали региони од мраз. Тие парчиња мраз одговараат на претходно видените црвени дамки на површината – а научниците не се сигурни зошто.
Изненадена сум што овој воден мраз е толку црвен“, вели Силвија Протопапа, член на научниот тим од Универзитетот во Мериленд, Колеџ Парк.
„Сè уште не можеме да го сфатиме односот помеѓу водениот мраз и црвеникавите толини на површината на Плутон.“
Водата се појавува само на парчиња од површината на планетата. Научниците планираат да истражуваат зошто се формираат токму тие парчиња и зошто се појавуваат токму на тие места.