Новогодишна изложба на 26 изложувачи од 10 градови ќе се одржи утре, 21 декември, со почеток од 13 часот во Градската галерија во Струмица.
„Ве очекуваат рачни изработки, инспиративна уметност и прекрасна празнична атмосфера. Не пропуштајте ја утрешната можност да уживате во магијата на празниците преку уникатни креации. Дојдете, поддржете локални таленти и заедно да го доживееме празничниот дух!“, истакнуваат од „Новус“ и „Млади хаб“.
Исто така, како што објави Организацијата за заштита на животни „Анимал ловерс“ од Струмица, со купување на рачно изработен накит граѓаните ќе донираат божиќна храна за кучињата во нивниот шелтер.
Оваа активност е дел од иницијативата „Girls-led youth community actions“ што ја спроведува Центар за истражување и анализи „Новус“, како дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, имплементиран од Национален младински совет на Македонија и Женската менторска мрежа „Стела“, со финансиска поддршка од Британската амбасада.