Здружението на граѓани за култура и уметност „Ан-блок“, Скопје традиционално од 1998 година го реализира проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни” во Клиниката за детски болести во Скопје. Во среда, во 13:30 часот на хемато-онколошкиот оддел ќе се одигра театарска претстава и поделат новогодишни подароци за дечињата во кои во тоа време се на лекување во онаа клиника.
Оваа година ќе се игра театарската претстава „Дедо Мраз, снежната кралица и зајачињата” од страна на театарот „Арт Вени Види”, а во претставата ќе играат: Викторија Анѓушева, Душица Стојановска, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче и Симон Манасковски. Дедо Мраз на децата ќе им подели новогодишни подароци (навлаки за душеци и перници). Подароците ги обезбедија претставници од Здружението „Ан-блок“ со финансиска помош од страна на Град Скопје.