Новогодишните попусти на сите платформи за игри траат до седми јануари. Но најбараните се одвиваат моментално на платформата Steam од и на платформата Battle.net. Во овој напис ги разгледуваме најдобрите попусти кои што се нудат на двете гигантски платформи, пишува новинската агенција Мета.
Што се однесува до Battle.net најдобра опција е да се купи најновата експанзција за World of Wacraft – The War Within за можете да прочитате подетално овде. Цената на стандардната верзија моментално има 30% попуст и ова е првиот поголем попуст на експанзијата. Со купување на експанзијата добивате инстант буст на било кој нов карактер до левел 70.
Втора опција за нешто добро на Battle.net е експанзијата за Diablo 4 за која исто така имаме претходни написи. Експанзијата е моментално со попуст од 25%, но доколку сакате да влезете во светот на Diablo 4, за сите вас има одличен попуст. Има бандл каде што ја купувате и главната игра и експанзијата за само 44.99 долари. Ова е нешто што не се пропушта!
Моментален хит на Steam, која за жал не е на попуст е конкуренцијата на Диабло – Path of Exile 2. Играта моментално е во пробна верзија, и е помалку од 30 евра.
Што се однесува до попустите за Souls игри – за жал овој пат ниедна игра од Darksouls серијалот не е на никаков попуст. Додека две исто така добри Soulslike игри Lords of the Fallen и Lies of P, се исто така добри опции за играње.
Што се однесува до сајберпанк игри добар предлог за игра е Cyberpunk 2077 од студиото CD Projekt Red што ја направи исто така и Witcher 3: The Wild Hunt. Овие игри беа сега на попуст, но и многу често се на попуст. И затоа секогаш имаат нови фанови и голем број на играчи.
Секако би ви препорачале и други игри што редовно ги препорачуваме на ваквите попусти. Опцијата за Wishlist на Steam е најдобрата алатка која што можете да ја користите. Со неа си ја бирате играта која што сакате да ја купите, а можеби ви е прескапа, и одма кога играта ќе добие попуст, вие добивате известувања на мејл, на платформата, па дури и на порака.