На делото, дете си игра со кукла – медицинска сестра претставена како суперхерој, додека Бетмен и Спајдермен се фрлени во корпа за отпадоци.
Иако Бенкси е познат по неговата стилско стриповска и политичка уметност, тој за време на пандемијата продуцира поинтимни дела.
Неговото последно дело „Менување на играта“ („Game Changer“) веќе може да се види на ѕидовите во болницата во Саутхемптон.
На цртежот е претставено мало момче кое си игра со играчка суперхерој што овојпат е медицинско лице, додека популарните суперхерои како Бетмен и Спајдермен се фрлени во канта за отпадоци.
Медицинската сестра носи маска и наметка со црвен крст, а едната рака и е во воздухот како да лета, додека нејзината наметка се лелеави зад неа.
Бенкси оставил и порака до медицинските лица на која пишува „Благодарам за вашата работа. Се надевам дека овој цртеж ќе го развесели местото, иако тој е црно-бел“.
„Откако мерките за изолација ќе бидат се попуштени, цртежот ќе биде изложен на јавен простор и поставен на аукција. Парите ќе бидат донирани за медицинскиот кадар“, потврди портпарол за Бенкси.
„Саутхемптон, особено нашата болница, имаше директно влијание од загуби на медицински персонал. Фактот дека Бенкси одбра да го признае неверојатниот труд на медицинскиот персонал во вакви трагични времиња, е голема чест. “, изјавила Паула Хед, раководител на Универзитетската болница во Саутхемптон.
Ова е второ дело на Бенкси изработено во изолација. Првото дело прикажуваше стаорци кои прават неред во бањата, со наслов „Жена ми мрази кога работам од дома“.
Извор: Guardian