За првпат во историјата на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, институцијата отвори повик за набавка на публикации кои се однесуваат на ЛГБТИ+ популацијата.
Оттаму информираат дека ваквата набавка е овозможена преку грант проектот „Enriching the library collections with LGBTQ publications” од CENL (Conference of European National Librarians).
„Ги замолуваме сите заинтересирани да го пополнат прашалникот, односно невладините организации кои професионално се занимаваат и истражуваат во полето на квир студиите, родовите студии, културолошките студии и други области“, велат од библиотеката во своето соопштение.
Автор и координатор на проектот го сочинуваат вишиот библиотекар Томислав Каранфиловски, додека за организација и реализација на проектот се назначени Јана Михајловска и Маја Мицевска Ризова.
Сите заинтересирани организации и поединци своите публикации може да ги пријават ТУКА.