НУЦК „Трајко Прокопиев“ отвори повик за културна иницијатива за млади активисти и уметници

Националната установа, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ распишува повик за учество во Културна иницијатива.

„Ги повикуваме сите млади од Куманово, активисти, уметници, луѓе кои имаат нешто да ни прикажат и покажат“, велат од Центарот, дополнувајќи дека станува збор за учество во концерти, перформанси, промоција на книги, изложби, но и свои сопствени проекти.

За сите заинтересирани за повеќе информации може да го посетат Центарот, од каде велат дека ја нудат својата логистика, поддршка и платото пред Центарот за култура за остварување на идеите.