Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо соопшти денеска дека ќе го легализира користењето марихуана во медицински цели, со што ќе стане 21-та американска сојузна држава која тоа ќе го одобри.
Гувернерот, кој е демократ, долго ги занемаруваше барањата законот да се олесни и медицинската марихуана да се легализира, но најпосле подлегна пред желбите на своето избирачко тело.
Дистрибуцијата на медицинска марихуана во Њујорк, за разлика од практиката во некои други сојузни држави, ќе биде под строг надзор.
На пациентите во оваа пилот програма, медицинска марихуана ќе можат да им издаваат само болниците. Медицинска марихуана ќе се дава само на пациенти со сериозни болести како ракот.
Од почетокот на годинава марихуаната е сосема легална во сојузните држави Колорадо и Вашингтон.