Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција со која 15 март го прогласи за Меѓународен ден за борба против исламофобијата, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Резолуцијата е усвоена по предлог кој во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) беше поднесен до Генералното собрание на ОН од Турција и Пакистан.
Резолуцијата повикува на зајакнување на меѓународните напори засновани на почитување на верските и човековите права, промовирање на културата на толеранција, мир и глобален дијалог.
Исто така, резолуцијата силно ги осудува сите акти на насилство врз поединци и сите места за богослужба поради нивните религиозни уверувања.
Говорејќи на Генералното собрание, постојаниот претставник на Турција во ОН, Онџу Кечели рече дека дискриминацијата врз основа на религијата е апсолутно неприфатлива во демократијата и дека треба да се осуди, вклучително и исламофобијата и антисемитизмот.
Кецели посочи дека исламофобијата е реална и растечка закана за човештвото денес и дека се манифестира во многу форми како што се расизам, ксенофобија, нетолеранција и насилство.