Град Скопје денеска објави Јавен повик за учество на конститутивното локално Собрание на млади на Град Скопје, тело во чија надлежност е изборот на членовите на локалниот младински совет (ЛМС). Повикот трае 10 дена од денот на објавување.
Оттаму посочуваат дека за учество на конститутивното собрание може да се пријават младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои имаат активности на подрачјето на Град Скопје, односно во скопските општини.
„Сите заинтересирани организации кои со своите предлози ги исполнуваат условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје, потребно е апликациите да ги достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 29.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: ‘Пријава за учество на конститутивно собрание на млади на Град Скопје’“, соопштија од Град Скопје.
Целосниот јавен повик со општите услови, како и условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје може да се најде на следниов ЛИНК.