Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година.
Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2024 година.
Целиот конкурс и пријавата се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на овој линк.