Министерството за култура информира дека е објавен Конкусот за државната награда „Св. Климент Охридски“, со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни и истакнати остварувања кои се од јавен интерес за Република Северна Македонија.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 јуни.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за првпат е доделена во 1969 година.
Повеќе информации за Конкусот на следниов ЛИНК.