Министерството за култура информираше дека Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2021 година.
Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот трае од 1 до 30 септември 2021 година.
Конкурсот е достапен и на веб-страницата на Министерството за култура на следниов ЛИНК.