Објавен конкурсот за поетската награда „Браќа Миладиновци“

„Струшки вечери на поезијата“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година.

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во којашто поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.

Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 Јуни 2024 година. Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат 6 (шест) примероци од книгата на следната адреса:

НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“
Поштенски фах 111
„Браќа Миладиновци“ бр.5
6330 Струга
Република Северна Македонија

Со назнака на пликото дека книгите се за конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година.

Препорака: Доколку се работи за печатени публикации, покрај доставените 6 примероци од книгите, авторите или издавачите препорачливо е да ги достават и во електронска форма (во .pdf формат) на следната адреса: struga@svp.org.mk. Недоставувањето на книгите во електронски pdf формат не ги исклучува авторите или издавачите од учеството на конкурсот.