Откако филмскиот класик Blade Runner на Ридли Скот остави свој белег во кинематографијата, сега се снима продолжение – Blade Runner 2049, за кое денес беше објавен првиот тизер.
И вториот дел е адаптиран од книгата „Дали андроидите сонуваат електрични овци?“ на авторот Филип К. Дик, а централен лик е повторно Рик Декард.
2049 е режиран од Денис Вилнев (Arrival), а Скот служи како извршен продуцент.
Иако деталите на филмот не се откриени, официјалниот синопсис вели дека филмот е поставен 30 години после настаните од првиот дел. Сега, полицаецот К (Рајан Гослинг), открива одамна сокриена тајна која има потенцијал да го фрли она што е останато од светот во хаос.
Откритието на К. го доведува до Рик Декард (Харисон Форд), поранешен полицаец кој е исчезнат веќе 30 години.