Фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“ го објави распоредот на настапувачи за вечерашното 12. издание.
На агендата се над 20 различни македонски бендови, музичари и диџеи кои ќе настапуваат на три различни стејџови во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
„Денес! Земјотрес #12! Вратите на МКЦ се отвораат од 19 часот. Програмата трае до 04:00! Доколку сé уште немате билет, добра вест – одлучивме другарската цена од 400 денари да ја задржиме до 18:00 часот! Потоа истата ќе биде 500 ден. Побрзајте! Вашата директна поддршка е овде, на bileti.mkc.mk, сега и веднаш, со три клика!“, соопштија од „Земјотрес“.
Во продолжение погледнете го распоредот на настапувачи:
Потсетуваме како беше и на ланскиот „Земјотрес“, преку видео колажот на Радиот МОФ:
View this post on Instagram