Шведскиот режисер Андерс Веберг работи на најдолгиот филм на светот, кој ќе трае цели 30 дена. Како најава за филмот, овјави „трејлер“ кој трае вкупно седум часа и 20 минути.
Глумецот и режисер се труди да го освои светскиот рекорд за филм кој најдолго трае со филмот Ambiancé. Филмот ќе биде објавен во 2020 година. Сепак, Веберг објави „трејлер“ од седум часа и 20 минути. Претходно, во 2014 година, објави „тизер“ кој трае 72 минути.
Филмот е снимен во Ховс Халар, на југот на Шведска. На истата локација е снимена сцената со играње шах во The Seventh Seal на Ингмар Бергман.
Веберг го опишува филмот како „надреално патување кое наликува на сон, во кое просторот и времето се испреплетени“.
Во 2018 година ќе објави уште еден трејлер со траење од 72 часа. Кога филмот ќе биде конечно објавен во 2020 година, ќе се прикажува еден месец на сите континенти, а потоа ќе биде уништен засекогаш.
Извор: NME