Годинава Пиволенд се враќа на Скопско Кале, а од 11 до 15 септември посетителите ќе бираат дали ќе ги следат музичарите на главната сцена или забавата која ќе се случува на диџеј и кавер бенд стејџот. Се најавуваат триесетина концертни настапи, а доминираат изведувачи и бендови од домашната музичка сцена.
На главната сцена во текот на петдневната програма помеѓу останатите ќе настапат ДНК, Тони Китановски, Нокаут, Irish stew и Postolar Tripper, потоа Edo Maajka, Јаков Дренковски, Elektricni Orgazam.
Богата програма се најавува и на диџеј стејџот каде свои сетови ќе имаат и Iceberg vs LephonQ, DJ Cvare, Томи Бојаџи, Мирко Попов, Роботек, Александар Видиновски.
За кавер бенд стејџот се најавени Бени Шакири, Тамбураџиите, PM, Акустико, ДЈ Бабура…
Целосната музичка програма може да ја погледнете во продолжение.
Влезот на фестивалот останува бесплатен за сите посетители. Организаторот најавува дека присутните ќе може да бираат меѓу триесетина видови пиво и храна од десет ресторани со акцент на македонската кујна.