Харвард е најдобриот универзитет во светот според резултатите од најновото истражување на Центарот за рангирање на универзитетите во светот (CWUR) за 2015 година. По него следат Стенфорд, Институтот за технологија во Масачусетс, Кембриџ, Оксфорд, Универзитетот Колумбија, Универзитетот од Калифорнија, Универзитетот во Чикаго, Принстон и Универзитетот Корнел. Во првата десетка на престижната листа влегоа осум американски и два британски универзитети.
На листата од илјада најдобри светски универзитети се и четири од универзитети од Западен Балкан, односно од Хрватска, Србија и Словенија. Меѓу најдобрите не влезе ниту еден македонски универзитет, а нема ниту од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Според истражувањата на CWUR, Универзитетот во Љубљана е позициониран на 504 место, а Универзитетот од Марибор на 820 место на листата. Универзитетот од Загреб го зазема 551 место, а Универзитетот од Белград е 726-ти.
Од земјите од соседството, на листата се јаде и еден универзитет од Бугарија и седум грчки универзитети.
Од илјада рангирани, 229 се универзитети од САД, 83 од Кина, 74 од Јапонија, 65 од Велика Британија, 55 од Германија, 49 од Франција, 7 од Италија, 40 од Шпанија, 36 од Јужна Кореја, 33 од Канада, 27 од Австралија.
Центарот за рангирање на универзитетите во светот листата ја составува врз основа на критериуми како што е квалитетот на образованието и обуките за студентите, престижот и угледот на кадарот, како и квалитетот на научните истражувања.
Целата листа од рангирањето поже да се види ТУКА.