Пејачката ќе ја изведува песната на „Брит“ наградите во 2020 година, заедно со Ханс Цимер и Џони Мар.
Били Ејлиш ја објави песната за новиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, „No time to die“ („Нема време за умирање“), која откри дека ја напишала заедно со нејзиниот брат, Финеас, минатиот јануари.
Песната го содржи препознатливиот, тих вокал на Ејлиш, а инструменталката започнува како нежна, пијано балада што преминува во песна со драматични звуци и гитарски тонови.
Стиховите ја рефлектираат темата прикажана во филмскиот трејлер кој сугерира дека франшизата се обидува да има помодерен пристап, додавајќи емоционална длабочина на бондовиот карактер. Ова се отсликува и со изборот на Били Ејлиш, која е најмладата уметница што снимила песна за серијалот филмови „Џејмс Бонд“.
Били песната ќе ја изведе во живо на овогодинешните „Брит“ награди заедно со Финеас, Ханс Цимер и Џони Мар.
Извор: Dazed&Confused