Годинешново, деветто издание на традиционалната манифестација „Бела ноќ“, во која учествува и Радио МОФ ќе се одржи на петти октомври (сабота), Организаторите на оваа традиционална културна манифестација, Град Скопје и Младинскиот културен центар (МКЦ) ја објавија и комплетната програма на настанот.
Во сабота од 19.00 часот, линиите на ЈСП што сообраќаат кон централното градско подрачје ќе бидат бесплатни, исто како и и сите културни настани што ќе бидат дел од ова 24 часовно културно дружење.
Mузика, филм, поезија, модерна уметност, мода се дел од случувањата во сабота, ќе има поставка во четири институции на тема „Уметникот и диктатурата“, се најавува спектакуларен перформанс на градскиот плоштад Македонија со познатата француска трупа Commandos Percu која има инпресивни настапи преку спој на музика и огномет.
По подолг период, на Бела ноќ се приклучуваат и дел од националните установи, како Националната галерија на Македонија – Чифте амам. Во целата чаршија ќe се случуваат повеќе настани, концерти пред Стоковна куќа – МОСТ, изложби во Галерија 8, ИКОМОС, перформанси. Во киното „Милениум“ и киното „Фросина“ ќе има 24 часовни бесплатни филмски маратони, додека од 22 часот, ќе почне и СИНЕ СИТИ – киното на отворено, на огромното кино платно, во Градскиот парк.
Традиционална полноќна модна ревија ќе се случува на скалите на влезот во Гратскиот трговски центар, а ќе има и натпреварите во Street Ball на фонтаната „Лотосов цвет“ во градскиот парк, каде перформанс ќе имаат Parkour & Freerun Challenge.
Зоолошката градина организирабесплатна попладневна посета, од 16 до 20 часот, додека градската библиотека „Браќа Миладиновци” ќе организира отворен ден во библиотеката каде што познати личности (пејачи, актери, спортисти, јавни личности) ќе имаат улога на библиотекари за да се соберат парични средства и да се донираат на детската клиника.
Свој стејџ на Школката во Градскиот парк, од 22 часот па се до 3 часот по полноќ, ќе има и Радио МОФ.