Во среда се отвора четврто издание на Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“ во Охрид, кое годинава има пет фестивалски денови и ќе трае со 25 јули.
Организаторите на фестивалот ја објавија програмата која покрај одличните филмови, вклучува и повеќе музички настани, како и две работилници- за филмска критика и филмска шминка, што ќе се одржат во Лапидариумот во Охрид.
Инаку годинава главниот дел од програмата ќе може да се следи на плажата Горица 3, а покрај Лапидариумот, настани во рамки на фестивалот се најавени и на бродот Армада.
Целата програма проследете ја во продолжение. Влезот е слободен.