Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски за животно дело во областа на културата и уметноста, како и истражувачот на македонскиот фолклор Марко Китевски за животно дело од областа на науката, се добитници на државната награда „11 Октомври“.
Одлуката беше донесена на седница одржана на 11 септември на Одборот за доделување на наградата чија претседателка е Елена Јованова-Грујовска.
Државната награда се врачува во Собранието на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.