Седуммина говорници од областа на бизнис и претприемништво ќе ги мотивираат младите на првиот саем за започнување на кариера, CareerLaunch, организиран од SWT Alumni.
Дел од програмата на саемот ќе биде CareerLaunch Talks, каде успешни претприемачи и професионалци ќе говорат споделувајќи го своето знаење, совети и лекции за успех и кариера.
Говорниците на CareerLaunch Talks се:
-Корентин Кремет, специјален гостин говорник од Лондон, претприемач и бизнис девелопер и човек кој стои зад неколку Startup Weekend-и, меѓу кои и првиот Startup Weekend во Скопје. Тој ќе говори на тема за избирање на кариера во полето на стартапи. Кремет е дел од CareerLaunch со поддршка на Seavus Incubator.
-Петар Ниновски, основач на Brainster и активен учесник во градењето на стартап заедницата во Македонија ќе говори на темата „Како стигнав до најдобрата работа и дадов отказ за да станам претприемач“. Петар ќе ја сподели својата приказна за започнување кариера во интернационална tech компанија и одлуката да напушти кога се наоѓа на врвот на кариерата за да започне сопствен бизнис. Во говорот Петар ќе претстави како да дојдете до работа од соништата, но и како да го иградите вашиот прв стартап додека студирате.
-Зоран Настески, основач на Inception Enterprise ќе говори на темата “Патот до успешна кариера”, кој преку свои примери ќе сподели едноставни и ефективни начини за мотивирање на младите како да ја планираат нивната кариера на паметен начин.
-Ивана Крстевска, креатор и дизајнер на друштвени игри и дел од тимот на Final Frontier Games ќе говори на темата “Лекции од најуспешната македонска Kickstarter кампања”, каде ќе ја сподели приказната за Cavern Tavern, која успеа да собере над 100 илјади евра на Kickstarter crowdfunding платформата. Воедно Ивана преку практични примери ќе претстави како да се креира успешна Kickstarter кампања.
-Мартин Анчевски од Letz.do и Codewell ќе говори за искуството на Codewell од почетокот на основањето на стартап компанијата па се до успешното остварување на бројни интернационални и домашни проекти.
-Драгана Нешовска и Иван Зографски од Solveo ќе говорат на темата „Networking 101 : Како до вработување преку вмрежување”, каде преку примери ќе претстават кои се бенефитите од вмрежувањето, каде би можеле да најдете настани за запознавање на професионалци, и како да се искористат можностите за истакнување. На овој говор ќе се прикаже како да се изгради кариера преку стекнување нови контакти.
-Даниел Јанев, фриленс графички дизајнер и блогер на dezen.mk ќе говори на темата “Научи да заработуваш како фриленсер”. Овој говор е за сите кои се во потрага по нова кариера исполнета со флексибилност, дополнителната заработка и можност за работа од дома. Даниел ќе сподели и практични совети како да се успее како фриленсер и кои се предностите и придобивките за започнување ваква кариера.
Првиот по ред CareerLaunch саем за започнување на кариера во најиновативните македонски tech и стартап компании, започнува на 13-ти октомври, четврток во Јавна соба (Public Room). Саемот го организира Summer Work and Travel Alumni Македонија, во соработка со Младински Инфо Клуб Скопје.
Настанот ќе трае од 14:00 до 19:00 часот и ќе учествуваат 15 компании, 7 гости говорници и 2 работилници организирани од самите компании учеснички.
Настанот е бесплатен. Пријавувањето е задолжително