Министерството за образование и наука (МОН) информира денеска се објавени конкурсите за доделување на средношколски стипендии за учебната 2022-2023 година.
Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија.
„Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Учениците кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука (директно или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје со точна назнака). Аплицирањето трае до 13 ноември 2022 година“, соопштија од МОН.
Од МОН информираат и дека обезбедуваат поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот ЛИНК.
Конкурсите за ученички стипендии се достапни на следниов ЛИНК.