Објавени конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври

Објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година, а крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Се работи за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.

Сите детали за стипендиите се достапни на следниов ЛИНК, а дополнителни прашања можат да се постават на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.