Победниците за „The Game Awards 2024“ оваа година ќе бидат прогласени на 12 декември, а во трката за најдобра видео игра се „Astro Bot“, „Balatro“, „Black Myth: Wukong“, „Final Fantasy VII Rebirth“, „Metaphor: ReFantazio“ и „Elden Ring: Shadow of the Erdtree“.
Последната игра на листата поттикна дебата меѓу играчите и фановите за тоа дали експанзија треба да влезе во категорија за игра на годината.
Според критериумите на „The Game Awards“, целта е да се препознаат најдобрите креативни и технички изработки, без оглед на форматот во кој таа содржина е објавена.
„Експанзиите, DLC-та, римејковите и римастерите се подобни во сите категории, доколку жирито оцени дека новата креативна и техничка изработка заслужува номинација. Треба да се земат предвид факторите како што се новината на содржината и нејзината вредност за парите (за која се нуди)“, посочија од „The Game Awards“.
„Astro Bot“ и „Final Fantasy VII Rebirth“ водат со по седум номинации, додека „Metaphor“ следи со шест ниминации во различни категории.
Игрите за „PlayStation“ освоија вкупно 16 номинации, што ги прави најноминирани во издавачка смисла.
Комплетната листа на номинирани можете да ги видите ТУКА.