Фестивалот Пиволенд ги објави победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти, кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот. По преслушувањето на материјалите испратени од повеќе од 100 млади артисти групи и диџеи , жири комисијата се одлучи за следните бендови:
• Problem solved
• Smoke shakers
• Tyte (drom records)
• Spank
• Marlon Brando Bаnd
• The Autor
Тие ќе добијат шанса да бидат дел од главната сцена на овогодинешниот фестиваl, кој ќе се одржи од 20 до 24 август на Скопското кале и да настапуваат со познати македонски бендови и артисти како Леб и Сол, Мизар, Д Џон итн.
Поради огромниот интерес од страна на младите македонски авторски бендови , артисти и диџеи , организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ- „Фреш“ на кој ќе можеме да ги слушнеме сите нови имиња чие време допрва доаѓа.