Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово на 19 и 20 април беше домаќин на традиционалниот саем „Рандеву образование“. На овој настан учествуваат 1000 ученици од 25 средни училишта во Македонија.
Настанот го отвори рекоторот на Универзитетот Проф. Д-р Замир Дика, а на церемонијата присуствуваа претставници од средните училишта, претставници од Министерството за образование и наука, заинтересирани среношколци и студенти.
Настанот трае два дена, а за тоа време младите имаат можност да се натпреваруваат со иновативни проекти во различни области. Во текот на овие денови универзитетот ќе место на модата, музиката, драмата, филмот, развивање на бизнис идеи и проекти како и информатички иновации.
Бобан Костадиновски