Институтот за економско истражување и политики Finance Think, Скопје, и Центарот за семејна и детска заштита КМОП, Атина, во рамки на проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“ финансиран од Европска Унија, организираат Oбукa за развој на вештини за вработување на млади невработени лица.
Учесниците на обуката ќе научат-кои вештини се потребни за да најдат вработување; кој може да им помогне во процесот на барање работа; што е кариера и како да ја изградат; како најдобро да се претстават на интервју за работа; како да работат во тим и како да се справат со конфликти на работното место.
Обуката ќе биде дводневна и ќе се одржи во периодот 15 – 25 ноември 2016 година во Скопје.
Право на учество имаат сите невработени млади лица, на возраст до 35 години, без разлика на степенот на образование. Учесниците кои ќе доаѓаат од друго населено место, ќе добијат надомест за настанатите патни трошоци, во висина на повратен автобуски билет од местото на тргнување до Скопје.
На дел од учесниците на обуката ќе им биде обезбедена практична работа и/или вработување во некоја македонска компанија. Оние кои сакаат да учествуваат во обуката, потребно е да ја пополнат пријавата за учество на обука. Крајниот рок за пријавување е 14 ноември 2016 година.