Во рамките на проектот „Вклучување на млади и младински организации во интер-етнички дијалог и соработка” ќе се одржи еднодневна тренинг обука во Скопје.
Обуката ќе се одржи во сабота (26 октомври) со почеток во 12 часот во просториите на НВО Профицио.
Целта на овие обуки е да придонесат кон зголемување на соработката меѓу младите од различна етничка припадност, подобрување на нивните знаења за етничките митови и стереотипи, едукација за заканите од национализмот, со крајна цел подобрени меѓуетнички односи.
Бројот на учесници е ограничен, а заинтересираните треба да се пријават на info@iprg.org.mk.
Проектот кој е дел од програмата CIVICA Mobliitas е имплементиран од Центарот за институционален развој и финансиски поддржан од Швајцараската агенција за развој.