Тинејџер оставил пар очила на подот во Музејот на современа уметност на Сан Франциско како шега, што довело до тоа посетителите да мислат дека се дел од изложбата.
Двајца тинејџери „ги победиле уметниците во нивната игра“, изведувајќи успешна шега во Музејот на современа уметност на Сан Франциско на почетокот на неделава.
@TJCruda the embarrassing part about it was walking back to pick it up and act like nothing happened
— galaxy (@k_vinnnn) May 24, 2016
Кевин Нгијен, 16 и Т.Џ. Кајатан, 17, го посетиле музејот во саботата, и ја смислиле шегата. Кајатан ги оставил очилата на Нгијен на подот, и „уметничкото дело“ привлекло многу внимание на изложбата, поради едноставноста и просторот за индивидуална перцепција на „инсталацијата“.
Кајатан рекол дека луѓето се собрале околу експонатот за да го видат и да направат фотографии. Тој, пак, правел фотографии од нив како се фасцинираат од неговото дело и подоцна ги објавил на Твитер, каде брзо се прошириле.
@TJCruda @TimothyDeLaG it’s really just an exacerbated metaphor of society’s perpetual blindness to those cognitive of us #art
— King of the Castle (@rapsfan25) May 26, 2016
@TJCruda Do we have a Marcel Duchamp in our midst? https://t.co/07g2VAwAod
— SFMOMA (@SFMOMA) May 26, 2016
Нгијен рекол за Guardian дека тој и Кајатан биле навистина изненадени од реакцијата.
„Мислевме дека ќе добие неколку стотици „ретвитови“, но сега имам пар познати очила на мене секој ден!“.
Нгијен рекол дека нема намера да ги продаде неговите сега познати очила, но има алтернативна идеја.
„Очилата ми се од Burberry, па спонзорство би било добро“, се пошегувал.
Кога го прашале како го интерпретира „делото“, рекол дека подлабокото значење би било за перцепцијата: „Се во животот може да биде уметност ако дадеш свое видување и им помогнеш на луѓето да го видат тоа што ти го гледаш“.