Само три дена пред Летните олимписки игри во Париз, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во текот на својата 142-та седница официјално ја поддржа и одобри организацијата на првите Олимписки игри за еспорт играчи, кои ќе се одржат во 2025 година во Саудиска Арабија, пренесува „Рур“.
Воведувањето на еспортот во олимпискиот екосистем гарантира големи промени во индустријата, и на национално и на глобално ниво. Неговиот развој ќе има позитивно влијание врз другите државни сектори, вклучително и туризмот и образованието.
Олимпискиот комитет изјави дека сака да ги елиминира сите игри кои содржат насилство, а во исто време да промовира виртуелни симулации на традиционалните спортови. Според тоа, на седницата беше наведено дека настанот нема да вклучува популарни пукачки игри како „Counter-Strike 2“ и „Call of Duty“, туку дека можеме да се очекуваат игри како „League of Legends“, „Rocket League“, „Street Fighter“, „Tekken“, „iRacing“, „NBA2K“, „FIFA“ и други мобилни игри.
„Ова е нова ера за ИОК. Со пристигнувањето на Олимписките игри за еспортистите, држиме чекор со темпото на дигиталната револуција. Нашата еспорт комисија максимално се ангажираше во оваа иницијатива. Нашата одлука ја потврдува важноста на олимпискиот бренд и вредностите кој ги застапува меѓу младите“, рече претседателот на ИОК Томас Бах.
Минатата година ИОК формираше и комисија за еспорт со цел понатамошна промоција и глобална популаризација на еспортот. Некои од членовите на комисијата се познати личности од светот на еспортот и спортската индустрија.
A HISTORIC VOTE!
The 142nd IOC Session votes for the creation of the Olympic Esports Games.
Mark the date 🥳 pic.twitter.com/CPRrwrirba
— IOC MEDIA (@iocmedia) July 23, 2024