Државниот инспекторат за труд најави дека со почетокот на 2022 година влегоа во сила измените на Законот за работни односи со кои недела е неработен ден.
Инспекторатот од денеска воспоставува дежурства по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.
Пријавувањето може да го направат на неколку начини:
– на веб страницата на ДИТ анонимно или како пријава од познат подносител,
– со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30,
– преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и
– во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони (информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во месец јануари 2022 можете да добиете на следниот ЛИНК.
„Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми, а со цел заштита на правата на работниците“, посочуваат од Инспекторатот.
Повеќе информации за законските измени и процедурите може да најдете на следниов ЛИНК.